Потребни квалификации:
- Средно образование од техничките струки
- Работно искуство најмалку 2 (две) години како градежен механичар (предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство како механичар на тешка механизација);
Клучни одговорности и задачи:
- Ги врши сите видови поправки ремонт на сите видови градежни машини, уреди, постројки и транспортни средства, самостојно или со помош на работоводителот и дефектаторот за одржување на градежни машини, постројки и транспортни средства;
- Интервенира и врши поправки и отклонува дефекти на сите видови возила градежни машини и постројките;
- Одговара за навремено и квалитетно извршени поправки и ремонти на градежните машини, постројки и транспортни средства согласно дефекционите состојби на истите;
- Вади мотори, врши поправки и ремонт на долен строј, трансмисија и горен строј, кабина шасија каросерија, киперски механизам со инсталација, хидраулика, нож на корпа како и поправки и ремонт на асфалтни бази, бетонски бази, дробалични и сепарациски и други статички постројки, уреди и врши други механичарски работи потребни за поправки, ремонти и одржување на истите
Компанијата нуди:
- Работен однос на определено време од 1 месец со можност за продолжување
- Основна нето плата 16.100,00 денари
Личен профил:
- Организираност и одговорност
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,30 до 15,30 часот.
Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748. И 071 227-218
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.