Vrabotuvanje.com - Оператори за подготовка на алати за лeeње пластични компоненти - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Оператори за подготовка на алати за лeeње пластични компоненти

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
  
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Оператори за подготовка на алати за лeeње пластични компоненти (Operators for preparing IM tools)
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Познавање на технички цртежи и нивно толкување
  • Искуство во работа со машински/електрични компоненти
  • Одговорност, среденост и педантност во средување и подредување на средства за работа
  • Познавање од конструирање (заварување, резење навои , прецизни мерења и изработка на констукции –ке смета за предност)
  • Поседување на сертификат за работа со виљушкар –палетар или искуство во работа со истите-ке се смета за предност
  • Способност за следење и усогласување со упатствата дадени од претпоставените
  • Способност за работа во 4 смени
  • Следење на инструкции за работа и работни упатства
  • Операторот за подготовка на алати за лeeње пластични компоненти репортира cменскиот водител во одделот за леење пластика.
 
Образование, искуство, вештини:
  • ССС – Машинска, Математичка, Градежна, Општа насока
  • Искуство во работа со алати за леење –ке се смета за предност
  • Искуство во работа со рачен алат  –механика, водоводни/топловодни инсталации,познавање на различни видови навои и алати 
  • Искуство во цртање на основни технички цртези-скици
  • Познавање на 5С, и Каи Зен (постојано унапредување-ке смета за предност)
  • Подготвеност за учење и организациски способности
  • Минимум три годишно работно искуство -во машинска индустрија, ке се смета за предност
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан; 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување  “Оператори за подготовка на алати за лeeње пластични компоненти " преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 05/04/2021

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде