АгроТехнА, повеќе од 30 години успешно го продолжува својот раст, со голема почит кон човекот и општеството.
АгроТехнА ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за својот развој, каде посебно се важни вештините и залагањата на поединците, кои го формираат тимот, а се наоѓаат во сите нивоа на хиерархијата.
Нашата цел е да поставуваме долготрајни вредности, каде што поедниците ќе станат вистински професионалци, каде што ќе се развиваат заедно со целата Компанија и каде ќе имаат креативен развој на кариерата.
Работно место - Референт во администрација
Одговара на : Менаџер за човечки ресурси
Одговорен на-за : Административно работење
Одговорности / Должности:
Активно учествува во целокупниот процес на архивирање, и тоа:
- Архивирање на влезни и излезни документи , и тоа: пред Договори, Договори, Анекси, Фактури, Понуди, Известувања, Одлуки, полномоштва и се останато што ќе произлезе од работењето.
- Прием на пошта и заведување во книга за евиденција на влезна пошта.
- Ги чува оригиналите од сите документи согласно позитивните законски прописи,како: Договори, Анекси Фактури, Испратници,Царински документи, и се останато што ќе произлезе од работењето.
- Прави месечни одјави према синдикати.
- Ги следи салдата, побарувањата, конфирмациите со коминтентите.
- Прави затварање на салдата со компензација.
- Прави порамнувања на долгувања и побарувања на картици од коминтенти.
- Ги следи и контролира сите договори за соработка.
- Прави пријава и одјава на вработени во АВРМ и ФПИОМ.
- Води редовна евиденција на вработените по сектори за одсуства, боледувања , слободни денови и годишни одмори, решенија за гоишни одмори.
- Управување со доверливи и деликатни информации.
- Следење на тужби и опомени по процедура.
- Води евиденција за редовност на плаќањата тошоците за кирија, комуналии и електрична енергија.
- Други работи поврзани со секторот.
Потребни лични особини:
- Висок степен на одговорност,организираност и професионалност.
- Однесување со највисоки морални стандарди.
- Уредност, прецизност, придржубање на временски рокови.
- Спремност за тимска работа во динамично опкружување.
- Самоиницијативност и спремност на контуинирано учење и усовршување.
- Силна посветеност кон услугата на клиенти и високо развиен осет за доверливост.
- Одлични вештини за планирање и организација.
- Иновативност, динамичност и посветеност.
- Аналитички вештини и докажано внимание кон детали.
- Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини.
- Познавање и почитување на организациска структура.
- Способност да работи под притисок.
Потребно образование и искуство:
- ССС IV степен на образование.
- Најмалку 2-5 години работно искуство во областа.
- Одлично познавање на Англиски Јазик, говор и пишување.
- Одлични компјутерски вештини (Microsoft Office – Excel, Word, Power Point, Outlook).
Што нудиме:
- Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
- Континуирана обука и можност за напредување во компанијата.
- Работа во една смена , вкупно 40 часа неделно или 8 часа дневно со 30мин пауза.
- Редовна плата.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Огласот е активен до 06.04.2021 година.
Изборот ќе се врши во рок од 10-20 дена, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Во очекување сме на Вашите апликации!
Тим АгроТехнА
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во АГРОТЕХНА АТАНАС И ДР.ДОО или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.