Офис Плус, Водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјал, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема,
Има потреба да вработи:
ОДГОВОРЕН ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Одговорности и задачи:
- Креирање и објава на огласи за вработување
- ПРИМАРНА СЕЛЕКЦИЈА И ИЗВРШУВАЊЕ НА ИНТЕРВЈУА
- ОРГАНИЗАЦИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕС НА ВРАБОТУВАЊЕ НА НОВИ КАДРИ (АДМИНИСТРАТИВЕН ПРОЦЕС)
- ВОДЕЊЕ НА ЦЕЛОКУПНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА СОГЛАСНО ЗРО (РЕШЕНИЈА, ОДЛУКИ, ГОДИШНИ ОДМОРИ, БОЛЕДУВАЊА ИТН.)
- ПОДГОТОВКА, ИЗРАБОТКА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОДРЕДБИ НА ОДДЕЛИ, ОПИСИ НА РАБОТНИ МЕСТА И ИНТЕРНИ ПРОЦЕДУРИ НА КОМПАНИЈАТА
- ПОДГОТОВКА НА ПЛАТА
- ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВОВРАБОТЕНИ ВО ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ И ПРОЦЕДУРИ НА КОМПАНИЈАТА ;
Потребни квалификации:
- ВСС ( Економски, Правен , Факултет од областа на човечки ресурси)
- Задолжително работно искуство од минимум 3 години
- Напредно ниво на познавање на работа на компјутер (Ms Office, Internet)
- Познавање на работа со софтвери од областа на човечки ресурси
- Пожелно познавање на Пантеон, но не е задолжително
Профил на личност:
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Организираност, одговорност, лојалност и ориентираност кон цели
- Самоиницијативност при извршување на работните задачи
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок
Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, одговорни сте, имате позитивен и професионален пристап кон работата и желни сте за стекнувања нови знаења, но и за споделување на своите досегашни искуства, тогаш Вие сте нашиот идеален кандидат!
Испратете кратка биографија преку полето Брза Апликација со назнака „Одговорен за човечки ресурси”. и очекувајте да Ве повикаме на преелиминарно интервју!
Само одреден број на селектирани кандидати ќе бидат известени и повикани на тестирање и разговор.
Со испраќањето на вашето CV дозволувате истото да се чува и за намена вработување на исти и слични работни позиции.