Vrabotuvanje.com - Администратор на систем - Скопје - Стопанска Банка АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Администратор на систем

Скопје

Рок за пријавување:

  • Стопанска Банка АД Скопје

Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ - најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа објавува:
 
О Г Л А С
За прием на работник на работно место
Администратор на систем во Сектор за информатичка технологија
(1 работно место)

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Искуство со UNIX и со Linux системи во делот на: администрација, конфигурирање, одржување безбедност, изработка на скрипти, анализа и решавање проблеми, подобрување карактеристики.
  • Искуство со AIX оперативен систем и IBM Power Systems сервери ќе се смета за предност
  • ВСП – Факултет за информатичка технологија или електротехника
  • Работно искуство како UNIX / Linux администратор од најмалку 5 години
  • Одлично познавање англиски јазик

Лични карактеристики:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став  и однесување 
  • Способност за работа под притисок, соочување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во краток временски рок 
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос


Работното време е  8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00 ч. до 9.00 ч. и крај од 16.00 ч. до 17.00 ч. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и за професионален напредок на своите вработени.

Ве молиме вашата кратка биографија (CV) на англиски и на македонски јазик да ја  доставите преку интернет на следниов линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-пошта:  human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. „11 Октомври“, бр. 7, 1000 Скопје, со забелешка за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел. 02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде