Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:
- Искуство во развој на веб и на десктоп софтверски апликации со Microsoft Visual Studio во VB.NET и C#
- Познавање работа со бази на податоци во Microsoft SQL Server
- ВСП – Факултет за информатичка технологија или електротехника
- Минимум 2 години работно искуство како .NET програмер
- Одлично познавање англиски јазик
Лични карактеристики:
- Комуникативна и динамична личност со способност за преземање иницијативи
- Тимски дух, позитивен став и однесување
- Способност за работа под притисок, соочување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00 ч. до 9.00 ч. и крај од 16.00 ч. до 17.00 ч. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.
Ве молиме вашата кратка биографија (CV) на англиски и на македонски јазик да ја доставите преку интернет на следниов линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-пошта:human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. „11 Октомври“, бр. 7, 1000 Скопје, со забелешка за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.