Vrabotuvanje.com - Оператор - Скопје - Стопанска Банка АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • Стопанска Банка АД Скопје


Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ - најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа објавува:

О Г Л А С

За прием на работник на работно место
ОПЕРАТОР во Сектор за информатичка технологија

Работното место ги опфаќа следните активности:

  • Мониторинг на системи
  • Обезбедување хелпдеск поддршка
  • Мониторинг и поддршка на банкомати
  • Администрирање кориснички профили
  • Спроведување системска обработка
  • Контрола на опремата и на активностите во центарот за податоци

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Одлично познавање работа со компјутери и Windows оперативен систем
  • Искуство со ИТ хелпдеск поддршка, мониторинг на системи, решавање и ескалација на инциденти
  • Основно познавање Unix или Linux оперативни системи
  • Основно познавање компјутерски мрежи и сигурност на информациски системи
  • Завршено високо образование, информатичка технологија, електротехника, машински или друг технички факултет
  • Одлично познавање англиски јазик
  • Работно искуство од најмалку 2 години во областа

Лични карактеристики:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став  и однесување 
  • Способност за работа под притисок, соочување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во краток временски рок
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос


*Банката обезбедува основна нето-плата од 30.000,00 МКД

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно и распоред на работата во смени, кои се покриваат  во текот на целата недела според план за сменско работење. Банката исплатува додатоци и надомест за работен однос во согласност со законските прописи. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина и можности за професионален напредок на своите вработени.

Ве молиме вашата кратка биографија (CV) на англиски и на македонски јазик да ја доставите преку инернет на следниов линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-пошта:  human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. „11 Октомври“, бр. 7, 1000 Скопје со забелешка за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.
 

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде