ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на физички лица на наједноставен и најбрз начин.
Дали и вас ви е важно колку и нам постојано да ги подобрувате вашите професионални вештини, напредувањето во кариерата и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот? Со нас, можете да ги живеете секој ден сите овие вредности.
Нашите вработени се нашата најголема вредност и тие го прават Тиго неверојатно место за учење, работа и создавање на нивната и нашата иднина. Сакаме секој ден да го чувствуваме како можност и да бидеме опкружени со оптимизам и креативност.
Поради брзиот раст на компанијата нудиме одлична можност за вработување на
Теренски консултaнт за управување со кредитно портфолио
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
- Секојдневна посета на должници (физички лица) на нивната домашна адреса на територијата на цела држава, со цел изнаоѓање на взаемно решение за соодветна наплата на долговите;
- Одлична ориентација во населени места и ефикасно идентификување на предвидените адреси;
- Одлична комуникација со корисници во однос на наплата на кредитни долгови (физички лица);
- Одредување на причините за задоцнета отплата на долгови и наоѓање решение за нивно намалување;
- Работа согласно процедури за обезбедување навремена наплата;
- Нудење можност за продолжување на рок за отплата и реструктуирање на долгови;
- На оваа позиција вработениот одговара пред Директор на сектор за управување со портфолио.
Профил на кандидат:
- Искуство во теренска наплата се смета за предност;
- Одлични комуникациски вештини;
- Вештини за преговарање и убедување;
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати;
- Флексибилност за извршување на работните задачи во сите општини во РМ;
- Сопствено возило се смета за предност;
- Возачка дозвола Б категорија.
Услови од компанијата:
- Работно време понеделник до петок 08.00-16.00 часот
- Современа и најнова технологија;
- Атрактивен пакет на бонуси;
- Велнес програми и придобивки од попусти;
- Дополнително колективно осигурување;
- Можност за напредување;
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија;
- Надомест за користење сопствено возило.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај. Компанијата е работодавач кој нуди еднакви можности за сите. Со аплицирање на овој профил, вашата апликација ќе стане дел од нашата база на потенцијални кандидати.
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје