Vrabotuvanje.com - Вработување на персонал во хотел - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Вработување на персонал во хотел

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на персонал во хотел „Макпетрол“ во Струга во Хотели во Неенергетски комерцијални дејности на определено време од 3 (три) месеци, и тоа:
 

КЕЛНЕР – 3 извршители

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно училиште (КВ, ВКВ);
  • Работно искуство 1 година;
  • Познавање на странски јазик;
  • Основната плата изнесува 20.500 денари.

ШАНКЕР – 3 извршители

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство 1 година;
  • Познавање на странски јазик;
  • Основната плата изнесува 19.000 денари.

ГОТВАЧ I категорија – 1 извршител

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно угостителско училиште (КВ, ВКВ);
  • Работно искуство 1 година;
  • Познавање на традиционална и интернационална кујна;
  • Основната плата изнесува 23.500 денари.

ПЕКАР – СЛАТКАР – 1 извршител

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно училиште;
  • Работно искуство 1 година;
  • Познавање на традиционална и интернационална кујна;
  • Основната плата изнесува 19.000 денари.

САДОПЕРКА – 4 извршители

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Стекнато основно образование;
  • Со или без работно искуство;
  • Основната плата изнесува 18.500 денари.

РЕЦЕПЦИОНЕР– 1 извршител

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство 1 година;
  • Познавање на странски јазик;
  • Основната плата изнесува 19.000 денари.

СОБАРКА – 3 извршители

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Стекнато основно образование;
  • Со или без работно искуство;
  • Познавање на странски јазик;
  • Основната плата изнесува 18.500 денари.

ОПШТ РАБОТНИК – 1 извршител

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Стекнато основно образование;
  • Со или без работно искуство;
  • Основната плата изнесува 18.500 денари.
 
Работното време за горенаведените работни место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
 
Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Симе Манчески
телефон за контакт: 02/3146-532
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде