Авицена Лабораторија, сертифицирана и акредитирана лабораторија согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013,објавува
ОГЛАС
за работното место
Медицински лаборанти
Локација: Скопје
Потребни квалификации:
- Завршено средно медицинско училиште - отсек лабораториски техничар или медицинска сестра, со положен стручен испит
- Познавање на англиски јазик
- Активно познавање на работа со компјутери и MS Office
- Возачка дозвола Б - категорија
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност
Одговорности и задачи:
- Лабораториска рутинска работа - од земање на примерок до издавање на резултат (земање материјал за анализа, обработка на примерокот, работа на лабораториски инструменти и др.)
- Теренска работа - посета на ординации, домови и сл. за земање материјал за лабораториска анализа
- Водење на потребната документација
- Останата административна поддршка и организација на работењето
Потребни вештини и способности:
- Одлични комуникациски и организациски способности
- Професионален и љубезен однос кон клиентите
- Способност за индивидуална и тимска работa
- Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност
Напомена:
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација , со назнака ‘за оглас за медицински лаборант - Скопје’.
Адреса:
Бул. 8-ми Септември бр. 2, лок. 1,
1000 Скопје
За повеќе информации:
www.avicenalab.com.mk