Vrabotuvanje.com - Специјалист за ИТ (System Administrator) ((м/ж) - Скопје - ЕВН Електродистрибуција
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за ИТ (System Administrator) ((м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕВН Електродистрибуција


Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

Во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн/а е инженер/ка кој/а ќе има клучна улога во реализирањето на нашите проекти.

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИТ (System Administrator) (М/Ж)

Работни задачи:

  • Инсталација, конфигурација и одржување на серверска инфраструктура, системи за складирање и архивирање на податоци, активна мрежна опрема,
  • Комуникација и поддршка на крајните корисници во процес на надградба на постоечките работни процеси и имплементација на нови бизнис барања,
  • Идентификација, подготовка и имплементација на софтверски решенија/апликации со соодветна хардверска подршка за развој,
  • Спроведување на процедури за редовно поставување на резервни копии (Back Up) на податоците и компјутерските системи како и обнова во случај на потреба,
  • Решавање на проблеми со конфигурација на софтвер и/или хардвер на крајните корисниците.
  • Aнализи, пресметки, истражувања, избор и нарачка на опрема, конфигурација, тестирање и пуштање во работа


Потребни компетенции:

  • Високо образование (Електротехника или Компјутерски технологии),
  • Искуство во инсталација, конфигурирање и одржување на нови технологии
  • Искуство во работа со Microsoft технологии: Active Directory, Exchange, O365, SQL Server, Azure, PowerShell, Искуство во извршување на Level 3 поддршка,
  • Познавање на работа со NAS и SAN,
  • Познавање на методологии за водење на ИКТ проекти: ITIL, COBIT, ISO 20000, ISO 27000, VCTA, VCP, MS сертификација ќе се смета за предност,
  • Одлично познавање на Англиски јазик,
  • Релевантно работно искуство најмалку 4 години,
  • Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, комуникативност, тимска работа
 

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на jobs.elektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување која ќе ја најдете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx.

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде