Референт за набавка
Времетраење на работниот однос: 1 година
Краток опис на работните задачи:
- Прибира понуди за набавка на производи и услуги и ја координира набавката на истите во соработка со секторите баратели на набавката.
- Креира порачки и ја следи реализацијата на порачаните производи/услуги.
- Соработува со магацинот за приемот на стоките.
Потребно образование:
- ВСС - економски науки или бизнис администрација
Други способности и вештини:
- Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Поседување на возачка дозвола од Б категорија
Работно искуство:
- Предност ќе им се даде на кандидатите кои имаат 1 година искуство во организација на набавка на стоки и услуги
- Искуство со работа во САП апликациите исто така ќе се смета за предност
Работното време изнесува 40 часа неделно, од 08 до 16 часот.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и дипломи за завршено образование можат да ги проследат до:
Алајанс Уан Македонија
Западен булевар105
1430 Кавадарци
или со електронска пошта на адреса: aoimk@aointl.com
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 25/04/2021
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на понатамошна постапка за селекција.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Алајанс Уан Македонија се стреми да го промени животот на луѓето и веруваме дека сите ние заеднички можеме да создадеме еден многу подобар свет. Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим, преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.