ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран белгиски производител на автобуси и комерцијални возила, со годишен капацитет на произвoдство од околу 1,400 автобуси и 3,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајн и производство на високо квалитетни и современи производи.
Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.
ИНЖЕНЕР ЗА ДИЗАЈН И КОНСТРУКЦИЈА
- Изработка на 3D модели;
- Изработка и работа со склопови;
- Изработка на работилнички цртежи;
- Анализа на зададени проблеми и изготвување на предлог решенија по однос на истите.
- ВСС – факултет од областа на техничките науки, пожелно Машински факултет;
- Солидно познавање на CAD софтверски алатки. Предност ќе имаат апликантите со искуство во работа со PRO ENGINEER или CREO;
- Познавање на работа со пресметка по метод на конечни елементи (FEA);
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Напредно познавање на MS Office;
- Предност ќе имаат апликантите со искуство во автомобилска индустрија;
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
- Можност за професионално усовршување и обука кај еден од најреномираните производители на автобуси;
- Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
- Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
- Обезбедена исхрана во современа кантина;