Vrabotuvanje.com - Маркетинг специјалист - Скопје - ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Маркетинг специјалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ
Поради постојаното ширење и зголемување на обемот на работа, компанијата ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје трага за нови и амбициозни кандидати на позиција: 
 
МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ
 
 
Опис на работни задачи:
  • Изработка и спроведување на маркетинг планови и маркетинг стратегија на компанијата;
  • Развива, приспособува и имплементира маркетинг стратегија за брендот
  • Подготовка на буџетот за маркетинг во соработка со останатите членови на менаџерскиот тим;
  • Подготовка и реализирање на медиа планови;
  • Формирање на различни понуди за изработка на маркетинг материјал , преговори со компании кои даваат услуги (контрола на понуда и цена) следење на дистрибуција на POS материјали
  • Осмислување и следење на резултатите од акциите;
  • Следење на странски и домашни реклами од областа;
  • Контакти со медиуми/маркетинг агенции;
  • Контрола и организација на огласување по пат на медии (ТВ, радио, дигитални медии)
  • Раководење и обучувањена со останатите членови на секторот Маркетинг;
  • Креирање, имплементација и следење на онлајн и офлајн кампањи;
  • Уредување и одржување на web страната на компанијата
  • Следење на конкуренцијата и постојано подобрување на маркетинг техниките;
  • Организација на различни видови промотивни активности (наградни игри, loyalty програми итн) и настани (спонзорства, отварање на нови маркети, манифестации)
  • Управување со активностите на социјалните мрежи;
  • Управување со електронскии печатени маркетинг медиуми.
  • ПР стратегии и активности за потребите на компанијата
  • Координација на маркетинг активности за ВЕРО и ЏАМБО
  • Комуникација со различни оддели во кругот на компанијата (набавка, увоз продажба) со цел на реализација на различни проектите
  • Aнализата на програмата за лојалност и вклучување стратегии засновани врз анализа на податоците
 
Потребни квалификации:
  • ВСС – Економски Факултет и Општествени науки ке се земат како предност
  • Неопходно најмалку 2 години искуство 
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавање на EXCEL, WORD, Power point
  • Познавање на дигитал маркетинг ке се смета како предност
 
 
Дополнителни квалификации:
  • Комуникативност, креативност и подготвеност за активна и тимска работа, работа под притисок и флексибилно работно време
  • Одлични организациски способности
  • Аналитичен, проактивен, позитивен пристап кон работата.
  • Искреност, отвореност, однесување со почит, насоченост кон постигнување на исклучителни резултати, лојалност, склоност кон учење и отвореност кон нови искуства и знаење
  • Вештини за менаџирање со време и луѓе.


Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
со назнака за позицијата “ Маркетинг специјалист”
најдоцна до 06.05.2021 година

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде