Нашата цел е да поставуваме долготрајни вредности ,каде што поедниците ќе станат вистински
професионалци ,каде што ќе се развиваат заедно со целата Компанија и каде ќе имаат креативен развој на кариерата
Друштво за трговија на големо и мало АГРОТЕХНА Атанас и д р. ДОО увоз-извоз Скопје
Ул.Христо Татарчев 1 бр.21а ,Кисела Вода -Скопје
Со цел проширување на тимот за логистика распишува оглас за вработување на:
Со место на вршење на работните задачи во Скопје (населба Кисела Вода)
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- Средно стручно образование
- Возачка дозвола за Б категорија
- Претходно искуство 2 години како возач на товарно возило
- Одлична психофизичка состојба
- Позитивен став, тимски дух, желба за успешно и квалитетно завршување на работата.
- Лојалност,иницијативност, темелност, енергичност.
Одговорности и работни задачи:
- Транспорт на материјали и производи до централен магацин или царински склад до продажни места и клиенти
- Редовна безбедносна инспекција на возилото и известување за дефекти, инциденти или прекршоци во сообраќајот
- Маневрирање на возилото во позиција за утовар/истовар
- Контрола и распоредување на трговска стока за достава во возилото
- Проверка на фактичката состојба на стоката при предавање на истата
- Помага при утовар и истовар на трговската стока од/во возилото
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
- Континуирана обука и можност за напредување;
- Работа во смени, вкупно 40 часа неделно; понеделник – сабота
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација, со назнака: “Оглас за Возач на товарно возило со Б категорија” .
Изборот ќе се врши во рок од 10-20 дена, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Општи правила за аплицирање:
Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
Назнака на позицијата за која се аплицира
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во АГРОТЕХНА АТАНАС И ДР.ДОО или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.