За подобрување на нашиот тим во Кичево, ние сме во потрага по
Менаџер за безбедност, здравје и заштита на животна средина
- Ја менаџира и контролира примената на мерките за БЗР на работни места кај работодавачот
- Менаџира, координира и организира спроведување на процесот за процена на ризици од повреда на работа, професионални заболувања и заболувања во врска со работата и учествува во изготвување на Акти за проценка на ризикот на работно место и околината.
- Го контролира и следи начинот на кој се применуваат законските прописи во сила за безбедност и здравје на работно место, контрола на садови под притисок, дигалки и кранови, од страна на сите вработени.
- Ги контролира и менаџира советувањата на надлежните од сите оддели од компанијата во врска со законските прописи во сила и нормите за БЗР, итни случаи, спречување и гасење пожар итн.
- Предлага измена и дополнување на актите за проценка на ризикот на работното место и околина доколку за тоа постојат оправдани причини
- Менаџира и координира спроведување на заштита при работа кога постои промена во процесот на работа, локација или др. измени во процесот на работата;
- Спроведува примена на законски и други барања и се придржува до сите релевантни закони и прописи во областа на безбедноста и заштита на работа
- Спроведува интерни проверки на системот за заштита на здравјето и безбедноста на работа во согласност со Законите и интерните акти на работодавачот.
- Ја контролира и проверува идентификацијата на опасностите и проценка на ризиците за секоја компонента од работниот систем, соодветно за извршување, работни задачи, работните средства/работната опрема и работната средина по работни места/работни станици
- Врши надзор на утврдувањето на зоните кои бараат сигнализација за безбедност и здравје на работното место, одредувањето на потребниот вид на сигнализација и лоцирање според законските одредби во врска со минималните барања за сигнализација за безбедност и/или здравје на работното место,
- Го менаџира евидентирање на работните места кои бараат дополнителни медицински прегледи, како и евидентирање на работните места кои, по препорака на докторот по трудова медицина, бараат тестови за способност и/или периодична психолошка контрола;
- Го следи изготвувањето на евиденција во врска со опасните инциденти, несреќите на работно место и професионалните заболувања и изработката на извештаи за несреќи при работа, претрпени од страна на работниците;
- Дефинира специфични цели и изработува програма за унапредување на системот за заштита при работа.
- Менаџира и координира проверката за исправност на средствата за работа електричните инсталации , осветлувањето, микроклиматските параметри во работните простории како и примена на задолжителните Упатства за безбедна работа и нивно одржување.
- Спроведува обезбедување на лични заштитни средства и опрема ,нивно користење и одржување на адекватен начин.
- Го изготвува годишниот буџет за средства за трошоци
- Ги следи и контролира воспоставувањата и спроведувањата на исполнување на мерките и активностите за превенција и подготовка за интервенција во случај на опасност,
- Задолжителна обука на вработените за БЗР
- Спроведува истражување на инцидент во случај повреда на работа ,давање прва помош и изработка на извештај за повредата на работа.
- Спроведува примена на други мерки утврдени со законски , подзаконски или интерни прописи на компанијата
- Спроведува примена на други мерки утврдени со законски , подзаконски или интерни прописи на компанијата
- Редовно го известува непосредниот раководител и одговара за веродостојноста на податоците
- Се придржува на етичките принципи и делува во склад со политиката и процедурите на Компанијата.
- Одговорен е за примената на мерките за БЗР, правилна примена на законот за безбедност при работа и други прописи од областа како и за правилникот за БЗР
- Одговорен е за мерки од противпожарна заштита и екологија
- Учествува во обезбедување на правилно функционирање на системот на квалитет во согласност со стандардите.
- Високо образование
- Лиценца за Стручно лице за безбедност при работа.
- Обука за прва помош, противпожарна заштита, евакуација и спасување.
- Обуки од областа на менаџмент со безбедноста и здравјето на вработените согласно барањата на меѓународниот стандард OHSAS 18001:2007.
- Обуки од областа на менаџмент со заштита на животна средина согласно барањата на меѓународниот стандарди ISO 14001:2004
- Лиценца за управување со отпад
- Обуки од областа на селектирање и менаџмент со различни видови на отпад
- 3 години претходно работно искуство во областа
- Англиски јазик-напредно ниво
Ве молиме испратете ја Вашата апликација за работа на македонски и англиски јазик, преку полето Брза Апликација.
Телефон: +389 45 273 913
Џојсон Сејфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево
Човечки ресурси
ТИРЗ Кичево, 6250 Кичево, Македонија