Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и современа лабораторија за контрола на квалитетот, доколку сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Помлад асистент за контрола на квалитет во Сектор за квалитет
- CCC/IV степен стручна подготовка (хемиски, градежен техничар или гимназија)
- Без работно искуство (претходно работно искуство ќе се смета за предност)
- Одлично познавање на MS Office пакетот
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Мотивациско писмо
- Биографија (CV)
- Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.