Контролор за Продажби (Sales controller) кој ќе се придружи на тимот на Key Account Management за Германските производители на автомобили (German OEMs). Известувајќи на Раководителот за Финансии и Администрација со истовремена директна комуникација до централните функции за продажби на КОСТАЛ групацијата оваа позиција е клучна за понатамошниот развој на локалната организација.
Работни задачи и одговорности:
- Одговорност (контакт лице) за целосна поддршка на крајните купувачи (БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс), во блиска соработка со центарот за продажба во Германија.
- Одговорност при остварување на дефинираните годишни цели и таргети на одделот за продажба на КОСТАЛ Групацијата со целосна и директна одговорност кон крајните клиенти со фокус на VW, BMW и Daimler
- Ги одржува сите датотеки и документација за сите проекти во согласност со интегрираниот КОСТАЛ систем за управување, како и во согласнот со стандардот за TS16949 подложен на ревизија,
- Водење грижа и евиденција дека сите нарачки (Purchase Orders) се точни и навремени, обезбедувајќи дополнителна внатрешна обработка на истите, до нивно фактурирање и наплата согласно со дефинираните договорни обврски (особен фокус на нестандардни продажби кои не се дел од сериското производство),
- Ажурирање и проверка на продажни цени и податоци за купувачи во врска со продажби на готови производи кон поврзани и трети страни, како и останати нестандардни продажби.
- Директна соработка со крајните клиенти (производители на автомобили и поврзани страни) настојувајќи им да им се обезбеди секаква помош во зависност од потребите, вклучително пристап и интеракција преку B2B платгформи.
- Директна посета на клиенти, како и состаноци и телефонски конференции во врска со договори со релевантниот центар за продажба во рамки на КОСТАЛ групацијата, како и усогласеност со очекувањата на локалното раководство
- Целосна одговорност при подготовка на периодичните циклуси за планирање продажби врз основ на релевантни анализи и истражувања на автомобилската индустрија во соработка со централата (Sales Forecasts, Budgets and Long term plans).
- Наплата на побарувања од крајни купувачи (производители на автомобили), идентификација на ценовни и количински разлики и усогласување на истите
- Активно учество во процесот на одобрување и финализација на обврски кон купувачите по основ на настанати штети во гарантен рок.
- Следење на номинација и поврзани трошоци во врска со нови потенцијални проекти.
- Анализа на продажби (споредби со план и причини за девијации вклучително volume – mix – price анализи)
- Подготовка на извештаи за раководството, вклучително и нестандардни анализи за продажбите врз основ на барањата и тековните потреби на компанијата,
- Развој, имплементација и усогласување на интерни политики, процедури за работа и корпоративно управување во доменот на функциите за продажби; целосна одговорност за усогласеност со истите.
- Одговорност за анализи и извештаи до раководството за продажби согласно долгорочна стратегија за подобрување процеси и воведување “Lean” иницијативи како и предлози за подобрување на квалитетот на продажбите (revenue quality).
Образование, искуство, вештини:
- Мултитаскинг и управување со стресни ситуации се суштински одлики на идеалниот/ата кандидат/ка
- Лидерски и високо развиени комуникациски вештини
- Способност за активно, ефективно, ажурно, брзо и аналитично работење,
- Почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност,
- Искуството за управување со проекти се смета за предност
- ВСС – Економија, (искуство во Инженеринг ќе се смета за предност)
- 2+ години искуство во производство на слична позиција, како и познавање на електронски и механички производи и производи од лиена пластика ќе се смета за значајна предност,
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
- Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Познавање на германскиот јазик (значителна предност), како и искуство на работа во SAP
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Контролор за Продажби (Sales controller) " преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.