Vrabotuvanje.com - Инженер на тренинг (Engineer on Training) - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Инженер на тренинг (Engineer on Training)

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
Започни ја својата кариера во КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Придружи му се на тимот како Инженер на тренинг (Engineer on Training) 
 
КОСТАЛ Македонија, е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.  Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Лендровер.
 
Дали барате возбудлива и предизвикувачка можност за почеток на вашата кариера во автомобилската индустрија?
 
Од успешното започнување со работа на фабриката во Охрид, па се до денес, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е отворен за соработка со студенти од техничките факултети, кои ќе се приклучат на тимовите во нашата Компанија.  
 
Ние поттикнуваме средина за учење која помага да се подготвите и да напредувате во индустријата за производство на автомобилски компоненти. Нашата програма за менторство ги поврзува инженерите на тренинг со искусните членови на тимот за да ви помогне да ги развиeте вашите професионални вештини и полесно да ги достигнете поставените кариерни цели.
 
 
Кој може да аплицира:
  • Електро и Машински Инженери или со соодветно друго високо техничко образование, дипломирани во 2020 или 2021 година;
  • Напредно познавање на MS Office;
  • Одлично познавање на Англиски јазик (чита, говори, пишува). 
  • Познавањето на Германски јазик ќе се смета за предност; 
 
Што нудиме:
  • Конкурентни месечни примања за инженери на тренинг;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Обезбедено сместување;
  • Превоз од Охрид / Струга / Ресен / Битола до КОСТАЛ Македонија, и обратно
  • Исхрана во фабричката кантина;
 
Планиран почеток на програмата
  • Септември 2021 година
 
КОСТАЛ Македонија нуди пријатна работна средина во брзорастечка компанија која се придржува до највисоките меѓународни корпоративни и управувачки практики. 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со наведување "Инженер на тренинг (Engineer on training)" во насловот на пораката, и тоа преку преку полето Брза Апликација.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 31/05/2021

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде