Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
САП Специјалист за производствени процеси (SAP Specialist - Manufacturing)
Работни задачи и одговорности:
Oдговорен за САП компонентите кои што го поддржуваат производствениот процес вклучувајќи ги планирањето на производството, извршувањето на производството, одржувањето па се до известување на резултатите од производствениот процес.
Oдговорен за поддршка на процесите поврзани со матичните податоци кои се однесуваат на производтствените активности како што се: работни центри, рути на производство,опрема,BOM и сл.
Демонстрирање на работа со кратки рокови, а истовремено приспособување на брзите промени што се резултат на потребите на компанијата и автомобилската индустрија.
Директно одговара на ИТ Менаџерот.
Образование, искуство, вештини:
ВСС од техничките науки;
+3 години работно искуство на иста или слична работна позција, искуство во производствена средина ќе се смета за предност;
Искуство со SAP модулите PP,ME,PM;
Познавање на производствените KPI и известувања ќе се смета за предност;
Силни аналитички вештини и способности за детектирање и решавање на проблеми;
Само-мотивиран поединец со одлични комуникациски вештини и проактивен кон давање на предлози за подобрување на ИТ системите кои ги поддржуваат производствените процеси;
Тимски играч, проактивен, добро мотивиран со одлични комуникациски вештини;
Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
Познавање на германскиот јазик, ќе се смета за предност;
Што обезбедуваме:
Конкурентни примања на македонскиот пазар;
Здраво и безбедно работно опкружување;
Приватно здравствено осигурување;
Сигурност на вработувањето;
Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за “САП Специјалист за производствени процеси (SAP Specialist - Manufacturing) "преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Краен рок за пријавување: 25/05/2021
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!