Vrabotuvanje.com - Store Manager (Менаџер на продавница) - Reserved - City Мall, Скопје - ЛПП МАЦЕДОНИА увоз-извоз ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Store Manager (Менаџер на продавница) - Reserved

City Мall, Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛПП МАЦЕДОНИА увоз-извоз ДООЕЛ

Бидете и вие дел од LPP, современа и реноминарана компанија, една од движечките компании во индустријата на облека и мода!
 
 

LPP е интернационлна компанија која над 20 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.

Нашиот тим го сочинуваат над 25000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.

Нашата мрежа од околу 1700 продавници во Европа, Азија и Среден Исток се проширува и во Македонија и за таа цел сме во потрага по кандидати за позиција:

 

Store Manager - Reserved
(Менаџер на продавница)

Локација: City Mall, Скопје

 

Основни одговорности

  • Секојдневно организирање на работи активности вo продажен објект
  • Одговорен за вработените во продажниот објект: Грижа и евиденција на работно време на вработените; Учество во процес на селекција и регрутација на својот тим; Унапредување на вештини и знаења на вработени; Поддршка и негување на тимски дух
  • Активно спроведување и следење на компаниски процесите, кодекси и дефинирани стандарди од страна на Работодавачот; имплементација и на процедури согласно законските прописи
  • Одговорен за работни резултати, следење на истите и активна имплементација на сите планирани активности со цел постигнување на планирани продажни цели
  • Следење на залиха на роба и управување со процес на прием и поврат на роба
  • Грижа  и одговорност за дневниот пазар, одговорен за состојбата на благајна каса и трезор
  • Работа и наплата на каса
  • Грижа и одржување на високи стандарди на услуга на клиенти, изгледот и хигиената на објектот

Што очекуваме

  • Степен на образование – ВСС
  • Релевантно професионално искуство на иста или слична позиција во текстилна индустрија
  • Одлични комуникациски вештини
  • Напредни тим лидерски вештини и искуство во водење на тим
  • Одлични организациски вештини (способност за приоретизирање и поставување на цели)
  • Одлично познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
  • Напредно ниво на познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)

Ние Ви нудиме

  • Стабилна позиција во сигурна и реномирана интернационална компанија во областа на модна индустрија
  • Динамична работна средина
  • Можност за кариерен раст и развој
  • Атрактивна месечна плата со дополнителен бонус систем и дополнителни бенефити
  • Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа
  • Можност за развој и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови

 

За аплицирање проследето го вашето CV преку полето Брза апликација или на мејл: recruitmentmacedonia@lppsa.com, најдоцна до 26.05.2021.
Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.


СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде