Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
НЛБ Банка АД Скопје
НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
Банката силно верува дека високо квалитетните вработени се најголем капитал и движечка сила, за таа цел Секторот за внатрешна ревизија во НЛБ Банка го зајакнува својот тим со потенцијални динамични и мотивирани кандидати заинтересирани за следното работно место:
ИТ Ревизор во Сектор за внатрешна ревизија
Твоите работни цели:
Спроведување Ревизорски прегледи на развој, планирање, одржување и дополнување на хардверски и софтверски решенија, ревизорски прегледи на сигурност на информативниот систем, утврдување на ИТ ризиците поврзани со функционирање на банкарските ИТ системи и предлагање на мерки за нивно надминување;
Следење на преземените мерки по издадени ревизорски препораки;
Самостојно планирање и извршување на ревизии на информационите системи на Банката, како и учество во заеднички ревизии на останатите функции во Банката;
Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива и корпоративните политики и процедури;
Проценка на општата ефикасност на работењето на системите и сигурност на информативниот систем;
Следење и спроведување на интерните процедури и политики во делот на ИТ и сигурност на информативните системи;
Соработка со надворешни ревизорски куќи, внатрешната ревизија на НЛБ Групацијата, супервизија на НБРСМ и останати државни институции;
Учество во проектите за примена и усогласување на работењето на Банката согласно барањата на релевантните тела на Банката и НЛБ Групацијата, како и надворешни релевантни регулаторни тела, законски регулативи и стандарди.
Твојот профил:
Универзитетско образование од областа на компјутерски / информатички науки;
Соодветно работно искуство во извршување на ИТ ревизии или искуство во областа на информациони системи;
Одлично познавање, специјализација и искуства во развој на хардверски и софтверски решенија во Microsoft околина;
Познавање на деловните банкарски технологии и процеси;
Професионални сертификати од областа (CISA, CISM или еквивалентно) и познавање и искуство во спроведување на Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешната ревизија, ќе се сметаат за дополнителна предност;
Спремност за самостојна работа и предлагање на нови методологии и пристапи во работата;
Способност за тимска работа и комуникациски вештини;
Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.
Твој мотив да ни се придружиш:
Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
Конкурентен пакет на плата и надоместоци.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција најдоцна до 23.05.2021 година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју. НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите. Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!