Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.
Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.
Металург / Машински инженер
1 (еден) извршител
- Дипломиран инженер металург и/или машински инженер
- Познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office
- Б-категорија
- Со или без работно искуство
- Врши обработка на упити, договори, тендери и сл. за прашања од доменот на секторот;
- Изготвува планови;
- Ја координира работата;
- Ги следи стандардите кои се неопходни за работа на секторот;
- Прави ревизии на документите;
- Соработува и контактира со другите служби;
- Работи согласно важечки процедури, давање допринос во нивно континуирано подобрување, давање предлози за ревизија на постоечките како и предлози за воведување на нови;
- Врши и други работни задачи во рамките на својата стручност, по налог на претпоставениот.
- Ги почитува донесените правила и мерки за БЗР и ППЗ
- Дејствува во согласност со критериуми за квалитет дефинирани во внатрешните политики и процедури на компанијата и имплементацијата на интегрирани системи за управување со квалитет QMS / EMS / ISO 45001:2018;
Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност
- Способност за тимска работа
- Работа со дадени рокови
- Следење на интерните правила и процедури
- Самоиницијативност и самокритичност
Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:
- Кратка биографија (CV)
- Доказ за завршено образование
- Доказ за вештините ако поседува
Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Брза Апликација или на адреса: 11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за Металург/Машински инженер” или доколку документите се по е-маил истото да биде наведено во subject line.
Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид.
Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање.
ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово