Vrabotuvanje.com - Директор во сектор за Управување со квалитет - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Директор во сектор за Управување со квалитет

Куманово

Рок за пријавување:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ

Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.
 

Директор во сектор за Управување со квалитет
1 (еден) извршител

 
 
Задолжително е пријавените кандидати за оваа позиција да ги исполнуваат следните услови:
  • Дипломиран инженер металург и/или машински инженер
  • Течно говорење и пишување на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Б-категорија
  • Со работно искуство во производство и контрола на квалитет
Работни задачи:
  • Раководи, ја организира координира, обединува и контролира работата во секторот;
  • Ги следи стандардите кои се неопходни за работа на секторот и се грижи за постојано унапредување на процесот на техничка контрола во секторот;
  • Работи согласно важечки процедури, давање допринос во нивно континуирано подобрување, давање предлози за ревизија на постоечките како и предлози за воведување на нови;
  • Се грижи за спроведување и реализација на одредбите од нормативните акти и одлуките на органите на управувањето во Фабриката;
  • Контактира и соработува со другите сектори во Фабриката и со деловни партнери заради обединување на работата и постигнување квалитетно извршување на работите во Секторот;
  • Дејствува во согласност со критериуми за квалитет дефинирани во внатрешните политики и процедури на компанијата и имплементацијата на интегрирани системи за управување со квалитет QMS / EMS / ISO 45001:2018;
  • Одговорен е за спроведување на мерките по ХТЗ и ППЗ,
  • За својата работа одговара на Извршен директор

Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Лидерски, организациски вештини, стратешко планирање, аналитичко размислување, способности за презентација, компетенции за компјутер, деловна активност, тимска работа, вештини за известување;
  • Способност за индивидуално работење;
  • Комуникација;
  • Остварување резултати;
  • Способност за работа под притисок;

Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува

Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Брза Апликација или на адреса: 11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за Директор во сектор за Управување со квалитет” или доколку документите се по е-маил истото да биде наведено во subject line.   

Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид. 

Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање. 


ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде