
ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ СКОПЈЕ
објавува оглас за
Раководител на продажба
- Раководење, Контролирање, Унапредување на продажниот тим за нови и користени возила.
- Координирање на дневните активности со цел промоција и продажба на производи и услуги
- Мотивира, Едуцира, Обучува и се грижи за запазување на работните процедури и процеси во секторот Продажба
- Задава и е одговорен за исполнување на неделни, месечни таргети кои произлегуваат од продажните процеси.
- Учествува во креирање на ценовната политика и позиционирање на производите и услугите
- Следење на конкуренцијата и идентификација на можности со цел зголемување на продажба
- Осигурува високо клиентско задоволство како и 100 % исполнување на мерките за заштита при работа според локалните прописи но и според напатствијата на принципалот.
- Се справува со забелешките и препораките од страна на надворешните и внатрешните клиенти и одговара на истите
- Го претставува брендот и продажниот тим на позитивен и професионален начин
Образование и искуство
- Минимум ССС
- Искуство во работа со клиенти и раководење со тимови
- Искуство во автомобилскиот сектор се смета за предност
Вештини
- Позитивна и енергична личност
- Креативна личност подготвена да одговори на предизвици
- Комуникациски вештини и преговарачки способности
- Лидерски вештини
- Аналитички вештини
- Пасија за креирање на услуги кои ќе создадат клиентско задоволство
- Желба за работа во динамична средина
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, испратете ги Вашите пријави преку полето Брза Апликација.
