Пекара Јадран е отворена од 1991 година, во Тучепи, Сплитско-далматински регион. Поради проширување на својот тим, имаме потреба од
МАЈСТОР ЗА БУРЕК
- сезонска работа -
Тучепи, Хрватска
Кои се одговорностите?
- Задолжен/а за навремено и квалитетно изработување на производите;
- Задолжен/а за подготовка на тестото и филување на тестото согласно нормативите и рецептурите;
- Ги става производите во плехови и истите ги пече и врши подмачкување на производите пред печење;
- Се грижи за квалитетот на производите за време на печењето, се грижи за хигиената на производите, личната хигиена и хигиената на опремата и просториите;
- По завршување на работата ги чисти работните површини, ги собира тепсиите и ги реди на определено место;
- Прием и припрема на нарачки;
- Обавува и други работи од делокругот на негово/нејзино работење по налог на претпоставените.
Квалификации
- Минимум ССС – кандидатите со прехрамбена насока би имале предност
- Пожелно е работно искуство
- Пожелно е познавање на хрватски и англиски Јазик
Ви нудиме
- работа во компанија со долгогодишно искуство
- динамичен тим
- редовни месечни примања
Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите!
За повеќе информации, кликнете на линкот.
Контакт: 00385 98 360 806 ( VIBER ili WHATSAP)
Лице за контакт: БРАНКО