
Специјалист за царина
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Одговорен е за координација на сите активности поврзани увозно извозното работење, со царинските брокери и компаниите за транспорт. Ги решава проблемите со превозниците и царинските службеници. Поднесува извештаи за увозно-извозното работење
- Активно учествува во квартално планирање и оптимизација на трошоци за не-производствен транспорт и царина.
- Ги истражува специфичните работни процедури на фирмата и ги имплементира
- Ги води процесите за увоз и извоз во согласност со видот на царински дозволи (привремен увоз и сл.). Одговорен е за усогласеност со царински и локални легални прописи во работењето.
- Активно учество во организирање на нормален транспорт и премиум транспорт. Поддршка за транспортна документација и оптимизација на трошоци. Одговорен е за базата на податоци за транспорт и поврзаното известување.
- Подготовка на документи за испорака. Добро познавање на сите видови документација која се сретнува во увозно – извозното работење. Ги ажурира сите видови на документи вклучени во увозно – извозниот промет, меѓународните правила за испораки, услови на испорака, услови на плаќање и Македонското царинско законодавство. Ги решава проблемите во однос на документите за испораките (со транспортерите/царинските службеници, добавувачите)
- Ги разбира Инкотермс правилата и постапува согласно истите во транспортните и царинските постапки . Добро познавање на меѓународните комерцијални закони, правила на испорака, услови за плаќање
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Универзитетска диплома во областа. Пожелно Факултет за царина и шпедиција
- Повеќе од 5 години релевантно искуство на иста или слична позиција
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават
преку полето Брза Апликација.


