Компанијата ПОПОВСКИ со искуство во трговијата веќе 30 години која се занимава со малопродажба, производство и големопродажба на месо и други прехрамбени производи има потреба од следната работна позиција:
ПРОДАВАЧ/КА ВО МЕСАРНИЦА НА ДЕЛИКАТЕС
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование
- Претходно работно искуство со месо, месни производи и деликатесни производи ќе се смета како предност
- Познавање на англиски или други јазици
- Работно познавање од компјутери
Очекувани вештини и способности:
- Одлични комуникациски и др. вештини
- Организациски и аналитички способности
- Мотивирана и стабилна личност
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
- Способност за индивидуална и тимска работа
Работни услови:
- Основна нето плата се определува во зависност од претходното работно искуство со можност за зголемување во однос на работната успешност + бонуси во зависност од извршувањето на работните задачи.
- Работа во смени. Прва смена од 08:00-15:30/Втора смена од 12:30-20:00 часот и еден ден слободен во текот на неделата.
- Се почитуваат Законските одредби во однос на пријавување на полно работно време, здравствено осигурување, годишни одмори, исплата на регрес за годишен одмор.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените квалификации се поканети да аплицираат со своето резиме преку полето Брза Апликација