Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo лицe на работно место:
Инженер за развој на ИТ решенија
Одговорности:
- Oдговорен и вклучен во целокупните развојни back-end активности за време на спроведувањето на ИТ решенијата;
- Одговорен за имплементација на дизајнот на решенијата и усогласување на барањата за дизајнот и оние на корисникот;
- Добро познавање на Java, Spring Framework / Spring Boot;
- Разбирање на DevOps концептот и работење со Docker Containers;
- Креирање на шеми на бази на податоци што ги претставуваат и поддржуваат деловните процеси;
- Вешто познавање на алатките за креирање на верзии на кодовите, како што е Git.
Што очекуваме:
- Тимски играч
- Отвореност и подготвеност за учење на нови технологии
- Ориентираност кон резултати
- Аналитички вештини
- Иновативност
Квалификации:
- Технички факултет – ИТ и компјутерски науки, телекомуникации, Електротехнички факултет или други факултети;
- 1 година соодветно работно искуство:
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредно познавање и искуство со Jira, Confluence, MS Project и други алатки за управување со проекти;
- Способност за работа во средина каде брзо се извршуваат работните задачи и почитување на крајни рокови, приоритети и ограничувања;
- Способност за работа со Agile и каскадна методологија
Работно време:
- Работното време во компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Што нудиме:
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија;
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата;
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој;
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ;
- Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата;
- Останати бенефиции како вработен во МК.
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк
http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Инженер за развој на ИТ решенија
Огласот ќе биде објавен на ден 03.06.2021 година и ќе трае до 13.06.2021 година
Контакт информации тел. 02/3 242-602.
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.