Vrabotuvanje.com - Менаџер за продажба на животно осигурување во интерна продажна мрежа - Скопје - КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за осигурување на живот Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Менаџер за продажба на животно осигурување во интерна продажна мрежа

Скопје

Рок за пријавување:

  • КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за осигурување на живот Скопје

Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 07.06.2021 година распишува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА НА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО ИНТЕРНА ПРОДАЖНА МРЕЖА – 2 извршители

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
  • Задолжително искуство од минимум 3 години во продажба (предност имаат кандидати со искуство во финансиски институции)
  • Познавање на портфолио на производи во животно осигурување
  • Искуство во комуникација и работа со клиенти
  • Изразени комуникациски и презентациски способности
  • Познавање на работа во Microsoft Office
  • Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи
  • Поседување на дозвола за управување на моторно возило од Б категорија.
 
УСЛОВИ: 
  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време - неделното работно време е 40 часа во Скопје.
  • Исплата на фиксна плата + варијабилен дел од остварена продажба
  • Исклучителна можност за напредување со конкретно претставен кариерен план
 
РАБОТНИТЕ ЗАДОЛЖЕНИЈА ВКЛУЧУВААТ:
  • Активна комуникација со потенцијални клиенти 
  • Иницирање на средби со потенцијални осигуреници и водење на продажни разговори
  • Склучување на договори за осигурување на Живот на големи клиенти (компании)
  • Склучување на договори за осигурување на Живот непосредно со физички лица
  • Лобирање и подговотка на корпоративни понуди за осигурување на живот
  • Изготвува анализи за пазарот на Ж.О. и дава предлози за унапредување на продажбата
  • Планира, организира и активно учествува во продажни презентации
  • Учествува на работни состаноци поврзани со продажба и развој на нови производи
  • Учество во подготовка на извештаи останати потребни акти кои се поврзани со работењето
 
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА: 
  • Ве охрабруваме да ни испратите Ваша Работна Биографија (CV), најдоцна до 15.06.2021 година на е-mail адреса: kariera@cro.mk, со назнака: Пријава за вработување – Менаџер за продажба на Животно Осигурување во интерна продажна мрежа
  • Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде