Vrabotuvanje.com - Проектен менаџер - Скопје - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Проектен менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

СОС Детско село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението поддржува деца во ризик и делува и работи на развојни услуги од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

СОС Детско село огласува слободно работно место за Проектен Менаџер на проект Зајакнување на младите преку нови можности (“Youth empowerment enabling prospects”), финансиски поддржан од Министерство за економска соработка и развој на Германија (БМЗ).

Целта на проектот е социо-економско зајакнување на млади од ранливи категории и нивна интеграција на пазарот на труд, и истиот се реплицира  во 5  балкански земји.

За реализација на активностите во рамки на овој проект се огласува слободнa позиција за 1 работно место за период од 18 месеци:

проектен менаџер (M/f)

 
Опис на работното место:

Проектниот менаџер е одговорен за раководење со проектот според условите дефинирани во договорот за грант и проектната апликација.

Проектниот менаџер ги спроведува проектните активности согласно начелата и принципите на  важечките политики на СОС Детски села  и тесно соработува со националниот менаџмент тим на локално ниво и со Регионалниот Менаџер на Регионалниот проект во 5 балкански земји.

Ги почитува сите важечки стандарди, водичи, политики и правилници на СОС Детски Села Интернационал и СОС Детско Село Северна Македонија, со особен осврт на политиката за заштита на децата

 
Клучни области на работа и главни одговорности:
  • Одговорен е за целокупното менаџирање на проектот
  • Осигурува дека проектот се имплементира во согласност со проектната документација (т.е договор за грант, проектен распоред, проектен буџет)
  • Планира и развива алатки за имплементација, мониторирање и евалуација на проектот
  • Го води проектниот тим, го следи квалитетот на работата на проектниот тим и осигурува непречена комуникација помеѓу сите членови на проектниот тим
  • Одговорен за комуникација со партнерите и други вклучени страни во проектот
  • Го води процесот на суб-грантирање и мониторинг на проектот и дава поддршка на партнерите за реализација на целите на проектот
  • Осигурува средствата наменети за проектот да се користат во согласност со условите дефинирани во договорот за проект
  • Го координира процесот на проектни набавки и ангажман на консултанти согласно интерните политики
  • Подготвува периодични наративни извештаи, според проектните и интерните правила на организацијата
  • Ја претставува организацијата во релевантните локални мрежи, форуми, платформи, кампањи, работни групи и обезбедува градење на партнерства и мрежи
Потребни квалификации и дополнителни критериуми:
  • Завршено високо образование   
  • Најмалку 3-5 години икуство во водење на проекти
  • Претходно искуство во граѓански организации со проектен менаџмент
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office и интернет
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач
  • Силни комуникациски вештини
  • Вештини за организација и координирање
  • Способност да се справува со работа под притисок
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите
  • Способност за концептуално и процесно/аналитичко размислување
  • Лидерски вештини и способност да управува со тим
  • Способност да го контролира квалитетот на процесите
  • Подготовка на извештаи и финансиска писменост 

Работни услови:

  • Работа на определено време во период до 31.12.2022
  • Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00.
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)
 
Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 20.06.2021 година преку полето Брза Апликација. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде