СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ
Скопје
полно работно време
неопределено
22.6.2021.
Њу Момент Њу Идеас Компани доо Скопје е првата маркетинг и комуникациска агенција во Македонија, основана во 1993 година. Њу момент е една од најкреативните агенции на подрачјето на Југоисточна Европа, која во своето портфолио брои повеќе од 70 меѓународни награди.
Бараме енергични, иницијативни и посветени нови колеги кои вистински го сакаат комуникацискиот бизнис со сите предизвици што тој ги носи.
Услови: Минимум 3 години искуство во дигитален маркетинг со следните обврски:
- Планирање и спроведување на стратегии за дигитален маркетинг
- Искуство во менаџирање дигитални кампањи преку активности како блогови, социјални медиуми, вебсајт маркетинг и имејл кампањи
- Искуство во следењето на постоечка и создавање на нова информативна и интересна содржина за таргетираната публика
- Создавање, применување и менаџирање на стратегии за социјални медиуми, развивање и одржување на повеќе профили на социјалните медиуми, како и комуникација и менаџирање со инфлуенсери од индустријата
- Креирање содржини согласно календарот за креирање и уредување содржини и согласно истиот уредување и планирање на конкретни маркетинг кампањи во даден временски период
- Мери, проценува и поднесува извештаи за успешноста на сите активности поврзани со дигиталниот маркетинг, оценува цели (ROI и KPI) користејќи ги податоците за да унапреди идни стратегии
Aко сметате дека сте вистинската личност за оваа позиција, Ве молиме пратете CV преку полето Брза Апликација најдоцна до 22.06.