Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:
- Завршено најмалку Високо образование во делот на информатички технологии;
- Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање, познавање на дополнителен јазик ќе биде од полза
- Пожелно е да се поседува CISA сертификат или во процес на стекнување и полагање на испитите за стекнување со сертификатот
- Возачка дозвола Б категорија.
Истовремено, кандидатот треба да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
- ИТ Ревизорски програми и алатки за вршење ревизија како CAATs
- COBIT и ISO270001
- Проценка и анализа на сигурносни и ИТ ризици и управување со ранливости
- Законска регулатива од областа на ИТ банкарски системи
- Работни процеси во банкарството и нивно автоматизирање преку ИТ
- Банкарски софтвер и системи, MS SQL, мрежни системи (Cisco Routing/Checkpoint Firewall), управување со ИТ и контроли, системи и инфраструктура, LifeCycle Management, ИТ како сервис и поддршка на процеси, контроли од информациска сигурност
- Професионален и темелен пристап кон работните обврски
- Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови
- Чесност, доверливост и интегритет
- Одржување на компетентност во областа и превземање одговорност кон доделени задачи
- Одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа
- Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување
- Професионален изглед и однесување.
За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:
- Следење на развојот, планирање, одржување и ревизија на хардверски и софтверски решенија за банкарски проекти
- Вршење на ревизии на информациски системи, информатичка технологија, контрола на безбедноста на информациите согласно регулатива, критеруими и стандарди
- ИТ поддршка на финансиски и други интерни ревизии, интеграција со останати ревизорски активности, ИТ ревизија и регулаторно известување
- Усогласеност со соодветни стандарди, процедури, етички принципи и контроли за информатичките системи преку известување и препораки и инфомирање во врска со извршената работа, откривајќи ги сите значајни познати факти
- Поддршка на стручното образование на засегнатите страни во подобрувањето на нивното разбирање на безбедноста и контролата на информациската сигурност
- Соработка со надворешни ревизори и останати инстанци
- Имплементација на политики, процедури и методологии за спроведување ИТ ревизија
- Соработка и асистирање на Директор на Дирекција за внатрешна ревизија при планирање на ревизија засновани на ризик и препорачување на ризичните области на банката кои треба да се ревидираат
- Подготовка и спроведување на прашалници, листи за проверка и тестови за ИТ ревизија
- Подготовка на нацрт-извештаи за ИТ ревизија, следење на наодите и навременост при исправките
- Контактирање, дискусија, информирање и толкување на наоди и препораки од ИТ ревизија со останатите одговорни и инволвирани лица и инстанци
- Асистира во изготвувањето и спроведувањето на Годишен план за ревизија
- Вршење на ИТ истраги и поврзани активности доделени од менаџментот на Банката.
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 15.06.2021 година на следниов е-маил:
career@halkbank.mk со назнака:
Референца Бр. 007/2021 – ИТ Ревизор.
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.