Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
Објавува оглас за следната работна позиција
ДОСТАВУВАЧ со Ц категорија
- Проверка на возило за достава пред секое заминување на пат,
- Утовар, транспорт, истовар и достава на производи на безбеден и навремен начин, по спецификација,
- Прифаќање на плаќања за испорачани производи и уплата на дневен промет во рок од 24 часа,
- Обезбедување на одлични услуги на клиентите, одговарање на прашања и известување на претпоставениот за жалби од клиенти,
- Почитување на доделена рута и временски распореди,
- Почитување на сите закони за транспорт и безбедно возење,
- Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата и други работи по опис на работно место.
Потребни квалификации и вештини:
- Поседување возачка дозвола Ц – категорија
- Минимум завршено средно образование
- Флексибилност за работа на терен
- Одлична комуникација,
- Професионално однесување,
- Организиран, мотивиран и стабилна личност,
- Динамичен, проактивен и насочен кон резултати
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Позитивен однос кон промени
- Активен возач (минимум 2 години)
- Претходно работно искуство не е потребно