Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
БУЧЕН КОЗЈАК ДОО
Млекара Бучен Козјак ДОО, со производствени капацитети во Куманово е компанија која повеќе од 35 години се занимава со преработка и производство на млеко и млечни производи по традиционална рецептура.
Природниот вкус на производите е тоа што ја прави млекарницата препознатлива на пазарот. Долгогодишното постоење на „Бучен Козјак“ зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба. Она што Бучен Козјак го прави препознатлив бренд е производството на квалитетни млечни производи кои се создаваат во креативна работна атмосфера.
Бучен Козјак ја негува својата политика за квалитет, посветено работи кон остварувањето на поставените цели и се стреми кон усовршувањето на производствените капацитети и персоналот, како и унапредување на работната атмосфера.
Бучен Козјак има потреба од следната работна позиција:
ТЕХНОЛОГ
Опис на работното место:
Регулирање и контрола на целокупниот производствен процес и вработените во директно производство, и грижа за навремено и правилно имплементирање и следење на правилата и стандардите за работа.
Организација на производство и производствените процеси.
Следење и контрола на хигиена во целокупниот погон, хигиена на персоналот и хигиена на простории за производство.
Контрола на записи за миење, перење и дезинфекција на опрема.
Контрола на целокупната работа на вработените во производство.
Планирање на производство на дневно ниво во зависност од актуелната побарувачка.
Планирање и спроведување обуки, дообуки и реобуки на персонал во производство.
Организација и изготвување на распореди за смени, одмори, слободни денови на вработените во производство.
Следење и контрола на целокупниот технолошки процес преку контрола на сите учесници кои следат одредена технолошка постапка и водат записи за истото.
Водење на документација поврзана со производство:
-НАССР и ISO 9001 формулари, табели, чек листи;
-налози за работа (според налог за производство);
-докуметација за имплементирани системи и стандарди.
Изготвување на декларации за производите.
Водење на магацин за хемиски средства и потрошен материјал.
Вршење на микробиолошки анализи на полупроизводи и готови производи.
Калибрација на мерни инструменти и водење на записи за истото.
Активно учество во секојдневното оценување на готовите производи според квалитет и органолептички својства.
Планирање и развој на нови производи.
Контрола на залиха и пописи на производствени магацини.
Активна комуникација и соработка со надворешни соработници.
Потребни квалификации:
ВСС-Технолошки факултет/Прехранбен технолог.
Кандидатите треба да се со живеалиште во Куманово и околината.
Работно искуство 1 год на иста или слична работна позиција.
Напредно познавање на MS Office.
Активно користење на сите мерни инструменти во производство.
Ние нудиме:
Обуки.
Колективно осигурување.
Компетитивни месечни примања + бонуси.
Можност за напредување.
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака за која позиција аплицираат.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!