Магнетик ДООЕЛ е водечка компанија во регионот во областа на малопродажба на мода, со 16 продажни франшизни салони, еден мултибренд, два аутлет продажни салони, сите сместени во центарот на Скопје, во Рамстор мол и во Сити мол ул. Љубљанска , како и два угостителски објекти Амигос, Мексикански ресторан во центарот на Скопје и Ист Гејт. ДПТУ Магнетик ДООЕЛ Скопје, за работа во франшизни продажни салони во Рамстор и Сити мол, има потреба од:
Менаџер на продажен салон (м/ж)
Потребни квалификации и вештини:
- Високо образование
- Минимум 5 години претходно работно искуство во продажба
- Одлично познавање на англиски јазик
- Поседување компјутерски вештини
- Комуникативност, организираност, работа со тим
Основни задачи и одговорности:
- Организирање на целокупната работа на продажниот салон од прием на роба до продажба
- Организирање на персоналот, делегирање работни задачи и следење на нивно спроведување
- Давање повратна информација
- Учество во продажба
- Следење и спроведување на сите законски прописи поврзани со работењето на продажниот салон
- комуникација со матични брендови и со управата на компанијата
Ние нудиме:
- Континуирана доедукација
- Високо мотивирачки бонуси
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација