Киeл Групацијата е еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила на локално, регионално и меѓуградско ниво.
Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.700 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти.
Во целиот свет, Киeл е признат по своите високо квалитетни производи, незаменлива експертиза и посветена работна сила. Со компанијата "Киeл Македонија", која се наоѓа во Желино (Тетово), Киeл продолжува со својот ангажман за своите клиенти, со производство на седишта за автобуси и возови.
Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од:
КРОЈАЧ
Должности и одговорности:
- Рачно сечење на навлаките и единечните делови за додатоци на седиштата
- Подготовка на шаблони за сечење со дополнителен додаток на рабовите и точките за означување на рабовите.
Барање и квалификации:
- Работно искуство на случна позиција
- Искуство во шиење за тапациран мебел или конфекциска индустрија
- Познавање на различни материјали (рамни ткаенини и мокет) винил и кожни материјали
- Искуство со ЦНЦ-кроење на системи како што се Bullmer (Optitex)
- Претходно работно искуство како шивач, тапацер ќе е смета за предност
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Способност за работа во тим
Бенефити:
- Организиран транспорт
- Лична заштитна опрема
- Дневни оброци
- Посветен тим со широко познавање и искуство со иста страст за градење на бизнис од светски размери
Останати информации и апликација:
Доколку оваа позиција ви изгледа привлечно и ги исполнувате зададените услови, ве покануваме да го испратите вашето резиме/ CV со назнака „Кројач“, преку полето Брза Апликација.
Киел Македонија нуди еднакви можности на вработување без оглед на пол, раса, религија и убедувања, попреченост, возраст и сексуална ориентација.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат, нема да бидат земени предвид.
Ќе бидат контактирани само оние кои влегле во потесен круг на селекција.