Vrabotuvanje.com - Специјалист за социјални и дигитални медиуми - Скопје - Вивакс ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за социјални и дигитални медиуми

Скопје

Рок за пријавување:

  • Вивакс ДОО

Вивакс е македонска компанија која постои 27 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Поради зголемување на обемот на работни активности, отворена е работна позиција:
 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СОЦИЈАЛНИ И ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ

 

Специфични задачи и одговорности на работната позиција:

  • Креирање, координација и спроведување на маркетинг кампањите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, You Tube); 
  • Учество во изработка на стратегии и буџети за реализација на дигитални кампањи (Facebook, Instagram, Google Ads, Linkedln);
  • Учествува во изработка на креативна содржина за комуникација и интеракција со следбениците на социјалните медиуми;
  • Активно учество во изработка на годишни стратегии и кампањи заради континуирана промоција на Друштвото; 
  • Активно учество во креирањето на нови дизајни и други материјали за потребите на Друштвото од аспект на употреба на определени маркетиншки активности и проценка на нивната успешност. 


Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование (Економија, Бизнис администрација, Маркетинг или некоја сродна наука ќе се смета за предност);
  • 3 годишно искуство во секторот на FMCG во категори менаџмент ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одличо познавање на MS Office пакетот;
  • Насоченост кон постигнување на резултати, тимско работење, лојалност, желба за континуиран развој, учење и стекнување нови искуства. 


Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим;
  • Силни организациски вештини и приоритизирање на работните задачи;
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност;
  • Организираност и одговорност;
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови;
  • Високо развиени аналитички и организациски способности;
  • Високо развиени комуникациски способности.


Ви нудиме: 

  • Работа во динамична, професионална и стимулативна средина; 
  • Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата; 
  • Позитивна тимска атмосфера; 
  • Обезбеден оброк.
     

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документот за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот);
  • Назнака на позицијата за која се аплицира.
 
Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита. 
Висината на основната бруто – плата ќе биде дефинирана врз основа на повеќе параметри како што се предходно работно искуство и исполнување на наведените критериуми од страна на кандидатот. 
 
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СОЦИЈАЛНИ И ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ“. 
 
Во зависност од бројот на пријавените кандидати, изборот на кандидат ќе се изврши во период од 30-90 дена по истекот на рокот за аплицирање.
 
Конкурсот е отворен од 16.06.2021 до 30.06.2021 година;
 
Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг на селекција, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира, НЕМА да бидат разгледани!

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде