Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Халкбанк А.Д. Скопје
Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.
Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на пополнување на следната работна позиција во Банката:
ИТ Ревизор во Дирекција за внатрешна ревизија
Референца Бр. 007/2021
Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:
Завршено најмалку Високо образование во делот на информатички технологии
Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години
Одлично познавање на македонски и англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање, познавање на дополнителен јазик ќе биде од полза
Пожелно е да се поседува CISA сертификат или во процес на стекнување и полагање на испитите за стекнување со сертификатот
Возачка дозвола Б категорија
Истовремено, кандидатот треба да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
ИТ Ревизорски програми и алатки за вршење ревизија како CAATs
COBIT и ISO270001
Проценка и анализа на сигурносни и ИТ ризици и управување со ранливости
Законска регулатива од областа на ИТ банкарски системи
Работни процеси во банкарството и нивно автоматизирање преку ИТ
Банкарски софтвер и системи, MS SQL, мрежни системи (Cisco Routing/Checkpoint Firewall), управување со ИТ и контроли, системи и инфраструктура, LifeCycle Management, ИТ како сервис и поддршка на процеси, контроли од информациска сигурност
Професионален и темелен пристап кон работните обврски
Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови
Чесност, доверливост и интегритет
Одржување на компетентност во областа и превземање одговорност кон доделени задачи
Одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа
Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување
Професионален изглед и однесување
За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:
Следење на развојот, планирање, одржување и ревизија на хардверски и софтверски решенија за банкарски проекти
Вршење на ревизии на информациски системи, информатичка технологија, контрола на безбедноста на информациите согласно регулатива, критеруими и стандарди
ИТ поддршка на финансиски и други интерни ревизии, интеграција со останати ревизорски активности, ИТ ревизија и регулаторно известување
Усогласеност со соодветни стандарди, процедури, етички принципи и контроли за информатичките системи преку известување и препораки и инфомирање во врска со извршената работа, откривајќи ги сите значајни познати факти
Поддршка на стручното образование на засегнатите страни во подобрувањето на нивното разбирање на безбедноста и контролата на информациската сигурност
Соработка со надворешни ревизори и останати инстанци
Имплементација на политики, процедури и методологии за спроведување ИТ ревизија
Соработка и асистирање на Директор на Дирекција за внатрешна ревизија при планирање на ревизија засновани на ризик и препорачување на ризичните области на банката кои треба да се ревидираат
Подготовка и спроведување на прашалници, листи за проверка и тестови за ИТ ревизија
Подготовка на нацрт-извештаи за ИТ ревизија, следење на наодите и навременост при исправките
Контактирање, дискусија, информирање и толкување на наоди и препораки од ИТ ревизија со останатите одговорни и инволвирани лица и инстанци
Асистира во изготвувањето и спроведувањето на Годишен план за ревизија
Вршење на ИТ истраги и поврзани активности доделени од менаџментот на Банката
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 23.06.2021 година на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 007/2021 – ИТ Ревизор.
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Банкарство изнесува 34.278 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!