Vrabotuvanje.com - Возач на комбе за достава на пратки - Скопје - Скопје - ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Возач на комбе за достава на пратки - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО

Друштво за меѓународен и внатрешен превоз на стоки ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО - Скопје.

Основана во 2013 година, Фалкон Логистик е успешна македонска компанија која се занимава со давање на логистички услуги на домашни и странски компании. Со тим од 40 вработени и канцеларии во 14 градови низ Македонија, компанијата навистина ги поместува гранциите за квалитет во обезбедување на поштенски, курирски и логистички услуги. Станете и вие дел од приказната на Фалкон Логистик!

Заедно со својата сестринска компанија Викторија Шпед од Скопје, компанијата има годишен обрт од скоро 5 милиони евроа, а во портфолиото на Фалкон Логистик се наоѓаат едни од најголемите македонски, европски и светски брендови од областа на автоиндустријата, аутомотив секторот, конзумер електроникс, ИТ секторот и, секако, стоките за широка потрошувачка.

ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО
има потреба од следната работна позиција:

ВОЗАЧ НА КОМБЕ ЗА ДОСТАВА НА ПРАТКИ
Реон: Скопје

Опис на работна позиција:

  • Врши превоз на добра, превземање и доставување за службени потреби; 
  • Навремено доаѓа на место на утовар на робата;
  • Навремено доаѓа на место на истовар на робата;
  • Внимава да не дојде до оштетување на робата при транспорт;
  • Почитување на законски правила и прописи од областа на сообраќајот и безбедноста  во сообраќајот;
  • Евиденција за одминатата километража и за потрошеното гориво; 
  • Одговара за работата во рамките на своите овластувања и извршува други работи кои ќе му бидат доверени од страна на претпоставените лица.

Потребни квалификации:

  • ССС (стручна подготовка од било која насока);
  • Минимум 2 години возачко искуство;
  • Пожелна возраст на кандидатот над 23 години;
  • Возачка дозвола Б или Ц категорија.

Ние нудиме:

  • Наградување со дополнителен месечен бонус;
  • Oдлични услови и обука од страна на компанијата.


Доколку сте заинтересирани и соодведствувате со опишаниот профил, Ве покануваме Вашата професионална биографија да ја испратите преку полето Брза Апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде