Vrabotuvanje.com - Офицер за ИКТ сигурност (м/ж) - Скопје - ЕВН Електродистрибуција дооел
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Офицер за ИКТ сигурност (м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕВН Електродистрибуција дооел


Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА

Во одделот Информатички и телекомуникациски технологии, бараме:


ОФИЦЕР за ИКТ СИГУРНОСТ (М/Ж)

Работни задачи:

  • Документација и ревизија на процесот ISMS (Систем за управување со безбедноста на информациите). Предлагање на нацрт документи за безбедност на информации
  • Справување со ризици
  • Безбедност на информации за човечки ресурси
  • Подготовка на соодветни усогласувања со националната и меѓународната правна, институционална и регулаторна рамка, меѓународните стандарди и внатрешните процедури.
  • Спроведување и одржување на политиката и процедурите за безбедност на информации
  • Управување со инциденти.
  • Учествува во креирање на процеси и контроли за безбедност на информации, координација и спроведување на истите
  • Анализа на ризици поврзани со ИТ Координација на активностите во врска со воспоставување планови за деловен континуитет и негово тестирање
  • Координација на активностите во врска со воспоставување на план за Disaster recovery и негово тестирање Планирање на обука за безбедност на информации
  • Координирање на различни задачи поврзани со безбедноста на информациите на различни инстанци во компанијата


Потребни компетенции:

  • Универзитетска диплома - компјутерски науки
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Минимум 5 години работно искуство во ИТ секторот или минимум 3 години работно искуство во сектор Енергетика
  • Одлично познавање на ИТ платформите
  • Објективност, претпазливост и доверливост


Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на jobs.elektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 05.07.2021.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување која ќе ја најдете на следниот линк
https://www.evn.mk/Careers.aspx.

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде