Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
РАПИД БИЛД ДОО
РАПИД БИЛД ДОО КУМАНОВО е во потрага по лице за работно место
ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ
Потребни квалификации
Помага во организирање и управување со времето на управителот водејќи сметка за дневните активности;
Помага во организирањето и одржувањето на дневните работни активности на управителот;
Учествува во организирање, координирање и спроведување на работни состаноци;
Води евиденција и белешки од состаноците;
Учествува во планирање на работните активности на дневно, неделно и месечно ниво;
Одржува секојдневна интеракција со клиенти и посетители;
Одговара на прашања на клиенти;
Одговара на повици, е-mail-ви од клиенти и посетители кога тоа е потребно;
Постапува и работи по налог на управителот;
Организира настани кога тоа е потребно;
Прави резервација за хотелско сместување на гости од странство;
Врши резервација на авио карти и хотели на управителите при службени патувања;
Прави агенди за службени патувања како и за посети на семинари и саеми;
Врши и други работни задачи кога тоа е потребно;
Потребни квалификации
Високо образование;
Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
Одлично познавање на Англиски јазик ( познавање и на друг странски јазик ќе се смета за предност);
Напредно познавање на MS Office пакетот;
Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
Способност за планирање, организирање, тимска работа, како и подготвеност за учење;
Одлични вештини за управување со време во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови;
Насоченост кон навремено извршување на зададени задачи;
Што нудиме
Динамична средина каде инклузивноста, проактивноста и желбата за иновации е секојдневие,
Професионален развој, учество на обуки, семинари и конференции,
Менторирање од страна на постоечкиот кадар
Амбициозно, високо мотивирачко и поддржувачко опкружување
Сите добиени податоци што ќе се чуваат во Одделот за човечки ресурси и ќе се обработуваат единствено за потребите на процесот за регрутација и селекција на кадар и ќе се чуваат во временски период од една година. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат доколку сметаат дека ги исполнуваат бараните компетенции и услови со испраќање на своето CV преку полето Брза Апликација или да се јават на телефонски број 070/342-758.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!