Vrabotuvanje.com - Овластен сметководител - Скопје - БОМИ 10 ЛОГИСТИК ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Овластен сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • БОМИ 10 ЛОГИСТИК ДООЕЛ

Бизнис Деливери 10 е ќерка фирма на една од водечките логистички компании во Македонија, која обезбедува интегрирани логистички решенија од полето на транспорт, логистика, шпедиција, складирање и дистрибуција – Боми 10 Логистик.

Одговорност на вработениот ќе биде целосно покривање на обврските за Овластен   Сметководител. 

 

Поради зголемен обем на работа Бизнис Деливери 10 –  компанија за достава на поштенски пратки и писма има потреба од проширување на својот тип. Отворена е следнава работна позиција:
 

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА РАБОТНОТО МЕСТО СЕ:
  • Да поседува уверение за овластен сметководител
  • Претходно работно искуство од 3 години
  • Одлично познавање на работа на компјутер
  • Одлично владеење на програмскиот пакет MS Office, особено MS Excel
  • Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок. Дневното работно време започнува во 08:30, а завршува во 16:30 часот.
  • Висината на месечната плата е во зависност од квалификациите и условите кои ќе ги исполнува кандидатот.

ОПШТИ ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Книжење на финансиска и материјална документација;
  • Разновидни и сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствени стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи;
  • Подготовка на редовни месечни финансиски извештаи;
  • Подготовка на статистички извештаи;
  • Комуникација со релеванти државни институции

ЛИЧЕН ПРОФИЛ:

  • Организираност, проактивност, аналитичност
  • Нагласена ефикасност и прецизност 
  • Исполнителност, одговорност и лојалност
  • Исклучителни професионални комуникациски (писмени и усмени) вештини
  • Етичност, моралност  и позитивен став

Доколку сте заинтересирани за работното место, Ве молиме доставете ја вашата биографија и писмо за намери преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака “за оглас за Сметководител“.

Напомена:

Без телефонски јавувања!
​Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.  

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде