Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Lycamobile
Мисијата на Lycamobile е да ги поврзе пријателите и семејството околу целиот свет. Како најголем светски меѓународен мобилен виртуелен мрежен оператор (MVNO), Lycamobile обезбедува ниска цена, интернет со висок квалитет и говорни услуги за повеќе од 16 милиони корисници во 25 земји. Со самото проширување нуди широк спектар на финансиски и туристички услуги, вклучувајќи ги и Lycamoney и Lycafly, кои им помагаат на луѓето да контактираат преку границите. На македонскиот пазар веќе неколку години семејството на Лајкамобајл е во пораст, преку понуда која вклучува пакети со мобилни комункациски услуги достапни по атркативни цени и врвен квалитет.
Како резултат на проширување на нашите деловни операции, во потрага сме по нови членови на тимот за Продажба на позицијата:
АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ- СКОПЈЕ, ТЕТОВО, БИТОЛА И ШТИП
Главни одговорности:
Промоција и продажба на сите продукти на Компанијата;
Директна комуникација со Клиентите и понуда на услугите на Компанијата;
Планирање, организација и изведување на промоциони и маркетинг настани;
Делење на промоциони и маркетинг материјали со цел соодветно информирање на Клиентите за продуктите и тековните понуди на Компанијата;
Работа на штанд.
Квалификации:
Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини;
Организациски и аналитички способности;
Динамични, иницијативни и насочени кон резултати;
Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи;
Одговорна, мотивирана и стабилна личност;
Способност за индивидуална и тимска работа;
Флексибилност за работа на терен;
Возачка дозвола Б категорија.
Што нудиме:
Работа во динамична и пријатна канцелариска работна атмосфера полна со интересни предизвици, во сектор телекомуникации и интернационална компанија
Конкурентна плата и останати бенефиции
Работно време од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00 часот
Почеток со работа – веднаш или по договор
Доколку се гледате себеси во наведениот профил на кандидат Ве охрабруваме да ја испратите вашата кратка биографија на следната е-маил адреса: Hr@lycamobile.mk, задолжително со назнака „За агент за продажба и маркетинг (ГРАД ЗА КОЈ ШТО АПЛИЦИРАТЕ)”.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!