Вработување HR SOLUTIONS, за потребите на фабриката за полнење на Добра Вода и Ладна бара:
Менаџер за контрола на квалитет
Нудиме:
- Долгорочна и стабилна работна позиција
- Компетитивна работна средина
- Конкурентна плата
- Можност за напредување и постојана едукација
Потребни квалификации:
- Високо образование од областа на Биохемија и физиологија или Аналитичка биохемија
- Потребно е најмалку 3 години работно искуство во струката
- Аналитички способности
- Развиени комуникациски вештини
- Динамична и организирана личност со позитивен став
- Возачка дозвола од Б категорија
- Претходно работно искуство во производство на прехранбени производи на сродна/слична позиција ќе се смета за предност
Главни задачи и одговорности:
- Контрола на квалитет на влезни суровини, репроматеријали, полупроизводи и готови производи
- Менаџирање со системи за квалитет и безбедност на храна
- Контрола на добрата хигиенска практика
- Контрола на квалитетот на извршување на работните процеси и на учесниците во процесот
- Осигурува исполнување на сите пропишани законски барања врзани за квалитетот и безбедноста на производите, производниот процес и заштитата на животната средина
- Поднесување на извештаи и одговорност директно на Извршен Директор
Аплицирајте преку полето АПЛИЦИРАЈ или на маил slavicat@vrabotuvanje.com.mk, со потребни документи: мотивационо писмо и тековна биографија (CV). Апликациите ќе се прифаќаат до 18.07.2021.
*Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Повеќе информации околу позицијата и компанијата прочитајте ОВДЕ!