Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ХАЛК БАНКА АД
Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.
Согласно тековните потреби од нововработени лица во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за следната работна позиција:
Референт за банкарски операции
во Штип (Референца Бр. 008/2021)
Халкбанк АД Скопје има потреба од лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа: прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и шалтерски операции.
Потребни квалификации и карактеристики:
Завршено високо образование од областа на економските науки;
Без работно искуство, а кандидатите со работно искуство на иста или слична работна позиција до 3 години во финансиска институција – банка, во процесот на селекција ќе имаат предност согласно нивното претходно работно искуство;
Познавањето на банкарските операции со готови пари, и искуство со контакт и комуникација со клиенти ќе се смета за предност;
Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност;
Ориентираност кон маркетинг и промоција на продуктите на Банката;
Одлични комуникациски вештини и одржување на одлични односи со клиенти;
Висок степен на чесност, етичност и доверливост;
Почитување на зададени рокови и усогласување на работењето со интерната и законската регулатива
Високо ниво на аналитичност и прецизност во секојдневното извршување на работни задачи;
Способност за тимска работа;
Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
Професионален изглед и однесување;
Познавање и активна примена од најновите компјутерски технологии и информатички средства кои се во широка употреба.
Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 18.07.2021 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 008/2021 - Референт за банкарски операции во Штип.
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Банкарство изнесува 34.278 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!