Vrabotuvanje.com - Готвач во кујна - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Готвач во кујна

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ресорт Маврово го проширува својот тим.

Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е една од најпрестижните дестинации за зимски и летни спортови во Република Северна Македонија, но и место за совршен фамилијарен одмор во секоја сезона. Луѓето кај нас доаѓаат како гости, но си одат како наши пријатели.

Нашите вработени се наше големо семејство и сите заедно веруваме во нашите главни вредности: лојалност, посветеност на работата, желба за раст и развој, како и грижа за природата.

Доколку сакате да работите на чист воздух и денот да ви биде исполнет со авантура и забава, аплицирајте во РЕСОРТ МАВРОВО.
 
 
Ресорт Маврово има потреба од следнава работна позиција:
 
 
ГОТВАЧ ВО КУЈНА
 

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Тимски играч и колегијалност;
  • Лојалност и чесност;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата;
  • Педантност во работата;
  • Дисциплиниран човек;
  • Организациски и лидерски вештини;
  • Желба за личен раст и развој.

Потребни квалификации:

  • Искуство од мин. 3 години работење во кујна како готвач;
  • Добро познавање на македонска и странски кујни;
  • Способност за работа со шведска маса, пансионски оброци и ‘A la carte’;
  • Редовна контрола на сите производи во кујна;
  • Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз; 
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Можност за напредок, награди и бонуси;
  • Обуки и тим билдинг активности;
  • Бесплатна карта за жичарница.

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: hr@resortmavrovo.com.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 31.07.2021

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде