Ресорт Маврово го проширува својот тим.
Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е една од најпрестижните дестинации за зимски и летни спортови во Република Северна Македонија, но и место за совршен фамилијарен одмор во секоја сезона. Луѓето кај нас доаѓаат како гости, но си одат како наши пријатели.
Нашите вработени се наше големо семејство и сите заедно веруваме во нашите главни вредности: лојалност, посветеност на работата, желба за раст и развој, како и грижа за природата.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата;
- Педантност во работата;
- Дисциплиниран човек;
- Организациски вештини;
- Тимски играч и колегијалност;
- Лојалност и чесност;
- Личност која со ентузијазам ќе ги учи и применува работните задачи;
- Желба за личен раст и развој.
Потребни квалификации:
- Мин. ССС;
- Искуство од мин. 2 години работа како мајстор;
- Општи познавања на работа со електрика, водовод и канализација, поправки во ентериер;
- Познавање на работа со алат;
- Брзина и ефикасност во вршење на зададените задачи.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Можност за напредок, награди и бонуси;
- Обуки и тим билдинг активности;
- Бесплатна карта за жичарница.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: hr@resortmavrovo.com.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.
Рок за пријавување на огласот: 31.07.2021