Vrabotuvanje.com - ИТ Специјалист – инженер за системска администрација - Скопје - ХАЛК БАНКА АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

ИТ Специјалист – инженер за системска администрација

Скопје

Рок за пријавување:

  • ХАЛК БАНКА АД

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. 

Согласно тековните потреби од нововработени лица во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за следната работна позиција:

ИТ Специјалист – инженер за системска администрација (Референца Бр. 011/2021) 
во Дирекција за информациски системи и техничка поддршка

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 
  • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки;
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 2 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
  • Возачка дозвола Б категорија.
 
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:

Одлични познавања и претходна работа со:

  • Дизајн, имплементација, оптимизација и одржување на Windows Active Directory, Domain Name System (DNS), Windows File Server, Windows Server Update Services (WSUS), MS Exchange Server, MS System Center Configuration Manager (SCCM).
  • Искуство во дизајн, имплементација и одржување на виртуелни платформи и решенија (VMware ESX, Hyper-V, Oracle-VM);
  • Имплементација, администрација, оптимизација, управување и одржување на Windows Server OS (2003/2008/2012/2014/2016/2019...);
  • Windows Desktop OS;
  • Активно го следи развојот на информациската технологија и негова примена во пракса;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа и
  • Професионален изглед и однесување 
 
За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:
Одржување и администрирање на следните сервиси на банката:
  • Administration of all Windows server and desktop OS
  • Administering windows domain controllers and DC structure
  • Administering windows file server, WSUS
  • Administration of central storage systems
  • Administration of Microsoft office package (Installation, configuration & maintenance)
  • Виртуелни околини на VMWare и VirtualPC
  • Backup system
  • DNS/WINS/DHCP концепти
  • Инсталација на нови / надградба на постојни сервери и конфигурација на хардвер периферни уреди, нагодувања, директориуми, дисковен простор и.т.н. согласно стандардите и процедурите и оперативните потреби
  • Развој и одржување  на процедурите за инсталација и конфигурација
  • Дневно мониторирање на системите, верификација на интегритетот и достапноста на сиот хардвер, серверски ресурси, системи и клучни процеси, проверка на системските и апликациските логови и верификација на извршувањето на распоредените задачи  (scheduled jobs) како на пример бекапи.
  • Вршење на дневни бекап операции, осигурувајки дека сите потребни датотечни системи и системски податоци се успешно бекапирани на соодветни медиуми и дека медиумите се рециклираат и праќаат на друга локација соодветно.
  • Вршење на редовно архивирање и прочистување на датотеките доколку е потребно
  • Создавање, промена и бришење на кориснички налог по барање
  • Периодично известување  за перформансите со цел поддршка за планирање на капацитетите.
  • Вршење на тековно нагодување со цел оптимизација на на перформансите, хардверски надградби и оптимизација на ресурсите согласно побарувањата.
  • Конфигурирање на процесорите, меморијата и досковните партиции согласно побарувањата
  • Одржување на опремата за мониторирање и одржување на условите во системската сала
  • Подршка на колегите во насока исполнување на очекувањата на крајните корисници (клиенти на Банката)
  • Следење и евидентирање на дефекти во работата на компјутерската опрема, следење и евидентирање на динамиката на отстранување на дефекти од страна на сервисните организации, контактирање со сервисните организации
  • Одржување на функционирањето на работни станици и печатари. Инсталација или преинсталација на оперативни системи на работните станици, како и инсталација и одржување на сите услужни програми кои се потребни на тоа место. 
  • Да предлага нови идеи и начини за подобрување на работата на Дирекцијата и останати работни задачи кои произлегуваат од самата организациска единица. 

Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 18.07.2021 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца бр. 011/2021 - ИТ Специјалист - инженер за системска администрација.
 
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.
 
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Банкарство изнесува 34.278 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде