Vrabotuvanje.com - Агент за грижа за корисници (Романски јазик) - Скопје - Lycamobile
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Агент за грижа за корисници (Романски јазик)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Lycamobile

 
Мисијата на Lycamobile е да ги поврзе пријателите и семејството околу целиот свет. Како најголем светски меѓународен мобилен виртуелен мрежен оператор (MVNO), Lycamobile обезбедува ниска цена, интернет со висок квалитет и говорни услуги за повеќе од 16 милиони корисници во 25 земји. Со самото проширување нуди широк спектар на финансиски и туристички услуги, вклучувајќи ги и Lycamoney и Lycafly, кои им помагаат на луѓето да контактираат преку границите. На македонскиот пазар веќе неколку години семејството на Лајкамобајл е во пораст, преку понуда која вклучува пакети со мобилни комункациски услуги достапни по атркативни цени и врвен квалитет.
 
Како резултат на зајакнување на нашите деловни операции, во потрага сме по член на позицијата:
 
АГЕНТ ЗА ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ СО РОМАНСКИ ЈАЗИК
 
 
Главни одговорности:
  • Грижа за корисници и одговарање на нивните барања поврзани со нашите услуги
  • Отворање на кориснички сметки
  • Решавање на технички проблеми 
  • Комуникација со сите оддели на повисоко ниво
  • Решавање на поплаки на корисници преку телефон, имејл и социјални медиуми
  • Внес и ажурирање на податоци за корисници во системот за работа
  • Давање информации за нашите понуди и промоции со цел задоволување на поребите на корисниците
 
Квалификации: 
  • Професионално познавање на романски јазик
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Високо образование во областа на приоритените јазици ќе се смета за предност
  • Пожелно е, но не и задолжително, искуство со работа во контакт центар
 
Што нудиме:
  • Работа во динамична и пријатна канцелариска работна атмосфера полна со интересни предизвици, во сектор телекомуникации и интернационална компанија
  • Конкурентна плата
  • Работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот и од 09:00 до 17:00 часот
  • Почеток со работа – веднаш/ по договор
 
Доколку се гледате себеси во наведениот профил на кандидат Ве охрабруваме да ја испратите вашата кратка биографија на следната е-маил адреса: Hr@lycamobile.mk, со назнака „За агент за грижа за корисници со мк/ал/анг јазик„

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде